Каде има војна, таму се Балканците: За Србите и Хрватите, Украина е реприза на 90-тите!


Хрватите се борат за Украинците, Србите за проруските сили, Албанците, Босанците и муслиманите од Санџак и Косово се во џихад, но во едно се обединети: Сите се борат против либерализмот и Западот.

Угледното британско списание The Economist, објавил текст со наслов “Балкански војници во странство – борба во добра војна”, во кој се анализира желбата на Хрватите, Србите, Босанците, Албанците и Косоварите да се борат во војни далеку од нивните држави – од Украина до Сиријаhrvat-srbi-vojna-repriza-01

Економист објаснува дека “Хрватите војуваат на страната на Украинците, а православните Срби на страната на проруските сепаратисти”.

Муслиманите од Албанија, Босна и Санџак, заминале во војна во Ирак и Сирија. Сите споделуваат пораки на интернет и меѓусебно се поздравуваат. Двајца Хрвати минатиот месец на ЈуТјуб изјавиле дека се надеваат дека наскоро ќе се сретнат со своите “српски пријатели”. За Србите и Хрватите, војната во Украина е реприза на нивните судири од 90-тите години, констатира The Economist.

Се смета дека најмногу хрватски платеници за Украина регрутирал Гастон Бесон, кој како платеник војувал против Србите во Хрватска, се оженил со Хрватка и таму се преселил.

Списанието наведува дека, иако им се придава големо медиумско внимание, се проценува дека во Украина се борат само околу 300 странци, од кои 100 Срби и околу 25 Хрвати.

Во Сирија и Ирак бројките се многу поголеми: Околу 330 Босанци, 90 Албанци, 70 муслимани од Србија и 12 од Македонија учествуваат во џихад. Повеќето од тие борци ги чека апсење кога ќе се вратат дома, освен Хрватите – Хрватска единствена не им забранува на своите граѓани да војуваат во други држави.

Па повторно, без разлика на религијата, сите борци од Балканот во едно се обединети – Сите се борат против либерализмот и Западот.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1