Директотот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, кој е кадар на ДУИ на располагање поседувал 220 возила за расчистување на снежните наноси.Единственото што оваа сезона Кадриу го “стопи“ се 45 милиони денари, а снегот остана низ улиците и граѓаните не видоа никаков ефект, пишува Курир.
Сепак оваа огромна сума на пари не му беше доволна да ги расчисти снежните наноси, па цела недела сообраќајот на одредени патни правци се одвива со застој.
Кадриу на тендер трошел дури 45 милиони денари годишно за вкупно 135 возила на приватни фирми кои биле ангажирани за чистење на снегот. Но очигледно ќарот од ваквата зделка не го видоа граѓаните.
Упатените говорат дека и со многу помалку возила може да се заврши работата, но само доколку добро бидат распоредени и се работи организирано и се менаџира ситуацијата. Но на Кадриу му требаа три дена да излезе во јавност со првите проценки, а граѓани на патиштата останаа завеани по повеќе од 10 часа.
Истовремено според пресметките со домаќинско работење, Кадриу би можел со парите од 45 милиони денари на отплата да купи сосема нови или добро сочувани возила кои ни биле во сопственост на државата и би ја завршиле работата.
Кадриу се уште нема одговор зошто и покрај ангажирањето на надворешни соработници ефектот не го почувствуваа граѓаните. Додека Кадриу се однесува ноншалантно неговата матична партија чиј кадар е Кадриу молчи. Од ДУИ со денови нема одговор за неспособноста на нивните кадри на функција.
Освен возачите, погодени беа и граѓаните чии домови останаа без струја. Во разговори со граѓаните кои останаа без електрична енергија коментарите се дека побрзо ќе се стопи снегот отколку ЕВН ја преземе одговорноста за штетите кои им беа предизвикани поради недостиг на електрична енергија.
Kurir.mk