Кај Градиште ќе се градат хотели – жителите револтирани


На потегот кај Градиште, на исклучително атрактивна крајезерска локација со вкупна површина од 114.156 метри квадратни, ќе се прави туристичка развојна зона. Во нацрт-извештај за стратегиска оценка врз животната средина за урбанистичко-планска документација, кој е објавена на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски, може да се види дека на дел од градежната парцела со површина од 57.000 метри квадратни, предвидено е да се градат хотелски капацитети со приземје,5 ката и поткровје.ohrid-gradishte

Градоначалникот Бакрачески, кој деновиве подетално ќе се запознаел со плановите на ресорното министерство за оваа актрактивна локација, вели дека се уште е актулна изградбата и на ски центар на Галичица, за кој интерес пројавиле компании од Норвешка, Швајцарија, Франција, Германија, Италија, Израел и Русија.
Промотивни активности на реализација на овој капитален проект и понатаму продолжуваат.
Ваквата најава ги изненади жителите од Пештани кои со години водат спор со државата за враќање на нивните имоти во Градиште, кои се наоѓаат токму на местото каде е предвидено да се формира новата туристичка развојна зона.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1