Скандал во Италија: Варуфакис земал 1.000 евра од минута за интервју, 28 000 да оди на конференција


Покрај тоа што бил платен повеќе од 1.000 евра по минута, Варуфакис за учество во емисијата на канал “RAI 3”, која била емитувана на 27. септември, добил и авионска карта од прва класа.

Износот и посебниот третман го обелоденил и самиот поранешен министер на својот блог, на кој открил ги открил и хонорарите кои го добил за разни предавања и интервјуа кои ги одржал во последно време.verufakis

Како што пренесува AFP, Варуфакис тоа го направил за да се дистанцира од тврдењата дека, по оставката во јули, се обидел да се збогати на овој начин.

Тој наброил 20 случувања на кои учествувал без парична надомест, или добил само авионска карта за економска класа. Навел и три предавања во кои заработил помеѓу 500 и 1.700 евра.

Покрај овие, Варуфакис имал и два “комерцијални” настапи: Интервју за “RAI” и презентација на конференција во Сингапур, за што добил 24.000, односно 28.000 евра.

“Ова е многу сериозна работа, без преседан”, рекол лидерот на партијата “Forza Italia”, Ренато Брунета.

“Дали тоа Италијанците плаќаат претплата за да го наградат Варуфакис?”, се запрашала на Твитер Мара Карфања, портпаролка “FI”.

Тоа што најмногу ги погодило Италијанците е тоа што Варуфакис, три дена претходно, учествувал во 60-минутна дебата за која добил само авионска карта, и тоа во бизнис класа.

Од “RAI” се бранат дека Варуфакис бил контактиран од продуцентската куќа “Endemol”, која со него го договорила интервјуто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1