Вучиќ: Договорен голем бизнис за Србија – ремонт на руските хеликоптери


Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека за време на посетата на Москва договорил ремонтот на руските хеликоптери, наместо во Полска и во Чешка како досега, да се прави главно во Србија.vucic

„Ние ќе бараме уште експерти и веројатно ќе вработиме голем број луѓе во Србија кои ќе работат на ремонтот на руските хеликоптери. Тоа е важна вест за нашата земја“, изјави Вучиќ по денешниот состанок со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Еве голем бизнис за нас, а дали ќе бидеме способни да ја завршиме работата, останува на нас, а се надевам дека ќе можеме“, рекол Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1