Kај „Мавровка“ ќе се гради крстосница на две нивоа


Еден од најоптоварените реони во градот со метеж од возила, оној кај трговскиот центар „Мавровка“, ќе се регулира со изградба на нова крстосница, која ќе биде на две нивоа, најавија градските власти. Станува збор за комплексен проект за денивелирана крстосница, прва од овој вид во Скопје, на кој Градот веќе работи. Еден дел од крстосницата ќе понира под земја, а другиот ќе биде над неа, информира градоначалникот Kоце Трајановски на седница на Советот на Скопје.

mavrovka hotel 8 mk2

На оваа крстосница, која се формира од булеварите Гоце Делчев, кој минува кај МРТ, и Kрсте Мисирков, кој минува кај Бит-пазар, според бројките од Центарот за управување и контрола на сообраќајот, дневно минуваат околу 90.000 возила. Оваа раскрсница е најоптоварена од сите во Скопје.

Во овој дел од градот, но малку подолу во Чаир, исто така метежот ќе се решава со ново сообраќајно решение, конкретно со изградба на нови две ленти на булеварот Христијан Тодоровски-Kарпош, како и со пробивање нова улица кон обиколницата.

SkopjeInfo.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1