Вуиќ: Вујкото на Мартин Нешкоски ја призна вината за да ги спаси студентите од притвор (ВИДЕО)


Мирослав Вуиќ, адвокат на вујкото на починатиот Мартин Нешковски, Горан Митановски, рече дека тој ја признал вината за само за да ја скрати судската постапка и студентите кои се во притвор да излезат на слобода. Митановски беше осуден на ефективна казна од 10 месеци затвор, а осум условни казни од по три месеци добија останатите демонстранти, од кои четворица се студенти за протестите на 5 мај. Останатите осум демонстаранти од кои четворица студенти добија условни казни од по три месеци.miroslav vuic

Вуиќ смета дека вујкото на Мартин покажал доблест и ја признал вината само за да не продолжи голготата на студентите во притвор каде условите се очајни, јави А1 он.

– Ја призна вината само за да не ја попречува постапката и да заврши поради други деца. Тоа е доблест. Од списите на предметот нема толпа, неговото дејствие е поединечно и тој ја брани само својата сестра. Кој тоа не би го направил па макар да се работи и за полицаец и ако видите дека вашата сестра е истуркана или туркана – изјави Вуиќ.
Видео – А1Он.мк

П
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1