Францускиот обвинител Франсоа Молинс изјави дека терористите виновни за смртта на 17 луѓе носеле оружје „АК-47“, кое како што изјави, најверојатно потекнува од Балканот.
Милион парчиња на автоматско оружје од војните во Хрватска, Босна и Косово, се украдени и се продаваат на клиенти од јужна Европа, а голем дел од тоа оружје завршило и во Франција.
Се проценува дека во Франција постои од 10 до 20 милиони парчиња нелегално оружје, а тоа како и во ЕУ може да се купи на Балканот.
Ако во поедини земји за „АК-47“ треба да се плати од 1.000 до 1.100 евра, ова оружје во Албанија може да се купи за 50 евра, пренесува „Интернешенел бизнис тајмс“.