Жената убиена на Детска клиника била бремена


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство, со квалификаторен облик на убиство на бремена жена.detska klinika

Надлежниот обвинител ги презеде сите почетни мерки за прибирање на докази и релевантни факти во насока на расветлување на случајот. При тоа, сослушано е едно лице и дадена е наредба за вршење на обдукција.

 Досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина. Убиството осомничениот го извршил на терасата на кровот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта.

 Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот .

Детали за хоророт на Детска клиника – убиената медицинска сестра имала детенце

 

 

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1