Не паднала по скали – ја претепале до смрт – ДЕЦА БИЛЕ СВЕДОЦИ НА УБИСТВО НА ДЕТЕ


Пет деца гледале како три годишната Мевлије маж и жена ја претепуваат до смрт. Џемаил Браими и Јасмина Махмут според обвинителството со кабел од телевизор и тупаници ја претепале малечката потстанарка , а во полиција пријавиле дека облекла големи папучи и паднала по скали, јавува Телмаobvineti devojce

“Причина за смртта се крварење во мозок, скрени ребра од двете страни, раскин на стомачната кошулка, кои се нанесени со удар. Ударот во главата е во теме и е нанесен со рака или тупаница и не може да настане од пад под скали. Во стомакот ударот е со тупаница или клоца, и не може да биде од паѓање по скали”, сведочеше д-р Горан Павловски –вештак судска медицина .

По ова сведочење на вештак од судска медицина , обвинетите кои се потсмевнуваа на мајката Садие занемеа. Таа зборуваше дека бара да и се каже зошто ја претепале ќерката и ја лажеле дека сама се повредила

Дека смртта на Мевлија била насилна потврдиле и децата на обвинетите кои со посебен форензички метод пред специјалист психијатар направиле реконструкција на настанот. Едно од децата на кукла покажувало како Мевљана била удирана.mevlie devojce

-Детето рече буквално вака “Со боксови по стомак и глава ја удираа, после мајка ми ја миеше со вода и мачкаше со паста за заби. Кога умре ја покри со ќебе. Ја тепаа оти изврши нужда на тепихот. Нас не натераа да се скриеме под ќебе”, изјави д-р Мери Бошкоска, психијатар.

За да не се слуша плачот на децата  пуштиле гласна музика.  Потоа мајката Садие, ја излажале дека ќерка и има висока температура , а потоа да тврдат  дека паднала по скали. Но Садие сепак сака да чуе од нив зошто и ја претепаа ќерката до смрт, но и тие да ја добијат заслужената казна.

На следното рочиште пред судот ќе зборуваат обвинетите од кои мажот е во притвор ,а неговата невенчана сопруга се брани од слобода  бидејќи има неколку месечно бебе.

Telma.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1