Како да барате работа на интернет?


Барањето работа бара труд и упорност. Мора да ги следите огласите, да испраќате пријави и професионални биографии и да го следите пазарот на трудот. Како да ги извршите сите овие задачи? 

Резиме според правилата

Можеби сте забележале досега дека некои пријавувања за работа се вршат по електронски пат. Дел од компаниите користат програми за организирање на професионалните биографии кои ги добиваат од страна на кандидатите. Вашето резиме мора да биде јасно за луѓето и за овие програми. Побарајте примери на интернет за начинот на кој треба да изгледа тоа.

internet333
Проверете се пред работодавачот

Кога потенцијалните работодавци го добиваат Вашето резиме, тие веројатно ќе проверат што може да дознаат за Вас на интернет. За да откриете како изгледате во очите на другите, пребарувајте информации за себе на интернет.

Водете се според вистинските причини при одбирањето

Високата плата најчесто претставува најзначаен критериум, но таа не треба да биде единственото нешто што ќе го барате во една работа. Работната филозофија, можноста за развој во кариерата, работното време и другите елементи мора да имаат влијание на Вашиот избор.

spor kompjuterНе бидете премногу горделиви

Можеби на претходното работно место сте имале голема одговорност, но не се однесувајте премногу горделиво во резимето или мотивационото писмо поради тоа. Подобро е да бидете скромни, но не дозволувајте ниту да бидете потценети.

Не се пријавувајте на премногу места

Бидете организирани при пријавувањето за огласите. Не се пријавувајте на многу места и чувајте ги сите пријави, молби и останати документи кои сте ги искористиле за пријавувањето.

Резимето нека биде на достапно место

Ова е најбитниот документ кој го имате кога сте во потрага по работа. Резимето треба да биде на достапно и безбедно место.

Искористете ги социјалните мрежи

Иако тие Ви служат за релаксација и забава, може да ги искористите и за барање работа. Следете профили кои објавуваат огласи за вработување. Не го заборавајте и „Линкдин“.

Редовно проверување на огласите

Огласите за вработување треба да бидат место кое го посетувате секој ден. Никогаш не знаете кога ќе излезе совршената можност, а сигурно не сакате да ја пропуштите.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1