Многумина се прашуваат како да ја изберат онаа вистинската, најслатката, најсочната, најзрелата лубеница. Експертите велат дека највкусни се оние лубеници кои имаат симетричен облик.
Свежината на лубеницата можете да ја утврдите врз основа на стеблото. Експертите велат дека лубеницата е зрела кога од нејзиното стебло, кога ќе се исече, потекува леплив сок.
Зрелата лубеница има темно зелена боја, а добро е и доколку на себе има лузна. Зрелата лубеница е тешка за својата големина. Знајте дека 92 проценти од лубеницата е вода. Незрелата лубеница е лесна за својата големина.
Кога купувате лубеница погледнете ја страната на која лежела на земјата. На тоа место таа треба да биде со кремасто жолта боја, помеѓу бојата на банана и лимон. Доколку тој дел е со бела боја или светло зелена, тоа е знак дека не е доволно зрела.
Boza.mk