Како да изгубиш 6 милијарди за 48 часа – овој богаташ сега знае како


Еике Батиста, рударски и нафтен магнат, доживеа рекордна загуба по падот на вредноста на неговите акции на корпорацијата “ебх груп” . Живот на Батиста бил како филм, се збогатил за време на “златна треска”, неговата сопруга е Плејбој зајчица.


55 годишниот бизнисмен од Бразил беше еден од најбогатите луѓе во светот, но изгуби шест милијарди долари за само 48 часа. Во јануари според Форбс овој бизнисмен имал 30 милијарди долари на сметката и беше 7 најбогат човек. Сега неговото салдо е преполовено.

Овој бизнисмен имал бурен живот. Таткому морал да избега од Бразил поради владеачката структура, па Батиста како тинејџер живеел во Женева, Брисел и Дизелдорф.
На 22 години се враќа во својата родна земја и отишол да бара злато во Амазон.

Благодарение на влијанието на татко му, златар во Рио, тој позајмува $ 500,000 и отвора бизнис. Нашол злато – се обиделе и да го убијат, но куртулил.  За една и пол година заработил шест милиони долари. Овие пари ги инвестира во машини за обработка на злато, од кои подоцна тој заработувал еден милион долари месечно.

батиста има автомобил од еден милион долари, а неговата сопруга е кралица на карневалот има авион “galfstrim”, во вредност од 61 милиони долари, има повеќе од еден милион следбеници на Твитер.
Неговиот приватен живот е посебна приказна – голем заводник е. Кога 1991. се оженил со Шуми де Оливеира, таа беше плејбој зајачица, модел и кралица на карневалот во Рио. Се развеле во 2004 година, и од овој брак има два сина.
Дава многу пари за добротворни цели.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1