Крцкавa торта кoja ја сакаат сите генерации …
Потребни состојки:
- 8 белки
- 400 гр шеќер
- сок од 1/2 лимон
За Филот:
- 8 жолчки од јајце
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 2,5 дл млеко
- 250 гр путер или маргарин
- 150 гр мелени препечени лешници
- 150 гр сецкани ореви
- 2 кесички крем шлаг
Подготовка:
Чекор 1
белките , шеќерот и сокот од лимон, изматете ги до цврста пена. Истурете ги во тава за печење, обложена со пекарска хартија и печете ги на 150 степени. Кората треба да биде повеќе сува, отколку испечена. Готовата кора внимателно одстранете ја од тавата и исечете по должината на три дела. За филот, изматете 4 жолчки од јајце со 4 лажици шеќер, а потоа се додава и брашно. Масата измешајте ја со топло млеко и гответе на ниска температура. Кога се соединат, оставете да се излади.
Чекор 2
Останатите 4 жолчки од јајца изматете ги со путер или маргарин и 4 лажици шеќер и се меша со филот кој што е претходно подготвен. Измешајте добро и поделете на два дела. Во еден дел ставете лешници, а во другиот ставете ги оревите. Првата кора филувајте ја со филот од лешници, втората со ореви, па завршете со третата кора. Тортата декорирајте ја со изматениот шлаг и оставете ја во фрижидер да се излади.
runway