Мајката на пет деца Кетрин Фуреј, од Салфорд- Британија, починала откако испила пијалак на база на оцет, за кој верувала дека ќе предизвика абортус кај неа
Кетрин веќе имала пет деца, и одлучила дека не сака да роди уште едно. Прочитала на интернет дека внесувањето на поголема количина на оцет во организмот може да предизвика спонтан абортус, па одлучила да испие поголема количина.
Лекарите се обиделе да ја спасат, но додека пристигнала во болница, штетата веќе била преголема. Лекарите на нејзиното семејство му рекле дека количината на киселина која ја имала во организмот била еднаква на едно шише солна киселина.
Нејзиниот сопруг вели дека не ни знаел дека таа е бремена, и дека би сакал да имаат уште едно дете. Крег Фареј додава дека ако Кетрин само му кажела што ја мачи, веднаш би го решиле тој проблем на друг начин и таа сега би била жива.
Лекарите предупредуваат на веб страниците кои содржат такви опасни информации и нагласуваат дека луѓето не треба да слушаат совети и „проверени лекови“ кои ги читаат на интернет.










