Како да ја направите познатата торта – Јапонски ветер


Крцкавa торта кoja ја сакаат сите генерации …

torta-spanski-vetar-by-polimka-5fa0cc150444b4bdb8078aa8f046d9e5_view_lПотребни состојки:

  • 8 белки
  • 400 гр шеќер
  • сок од 1/2 лимон

За Филот:

  • 8 жолчки од јајце
  • 8 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 2,5 дл млеко
  • 250 гр путер или маргарин
  • 150 гр мелени препечени лешници
  • 150 гр сецкани ореви
  • 2 кесички крем шлаг

Подготовка:

Чекор 1

Japonski-Veter-07.03-750x400белките , шеќерот и сокот од лимон, изматете ги до цврста пена. Истурете ги во тава за печење, обложена со пекарска хартија и печете ги на 150 степени. Кората треба да биде повеќе сува, отколку испечена. Готовата кора внимателно одстранете ја од тавата и исечете по должината на три дела. За филот, изматете 4 жолчки од јајце со 4 лажици шеќер, а потоа се додава и брашно. Масата измешајте ја со топло млеко и гответе на ниска температура. Кога се соединат, оставете да се излади.

Чекор 2

Останатите 4 жолчки од јајца изматете ги со путер или маргарин и 4 лажици шеќер и се меша со филот кој што е претходно подготвен. Измешајте добро и поделете на два дела. Во еден дел ставете лешници, а во другиот ставете ги оревите. Првата кора филувајте ја со филот од лешници, втората со ореви, па завршете со третата кора. Тортата декорирајте ја со изматениот шлаг и оставете ја во фрижидер да се излади.

runway

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1