Состојки
- 3 кисели зелки од расол
- 1 пушена свинска буткица
- 3 3 свежи свински коленици
- 2-3 лажици свинска маст
- 100 мл масло
- 20 гр црн бибер
- 2 лажици зачин
- 3-4 суви црвени пиперки
- 2-3 лажици црвен пипер
- 200 мл расолница
- 200 мл вода каде се вареа колениците
Подготовка
Прво ситно се сецкаат зелките и се пржат на маста и маслото околу 2-3 часа, односно се додека не испари течноста и зелката убаво не се испржи.
Во тенџере се налева вода и заедно се варат пушеното месо и колениците 2 часа.
Се чистат од маснотијата и коските.
После се зачинува зелката, се става во земјената тава, се додаваат исчистените меса, се налива со околу 200-300 мл расолница и 200 мл исцедена течност каде се варело месото.
Се става во релна земјената тава и крчка околу 2 часа.
Пред крај се додаваат одозгора сувите пиперки.
Прекрасно јадење, кое бара повеќе време за спремање, голема љубов, но ништо не е тешко, кога се гледа задоволство на лицата на гурманите кои го консумираат.