Како да направите домашни варени ѓевречиња


Зошто да купувате кога едноставно може да приготвите супер вкусни домашни варени ѓевречиња на кои ќе ви позавидат и големите мајстори.Домашно си е домашно. Ова е начинот на подготовка.

СОСТОЈКИ

domasen-varen-gevrek540 г брашно
280 мл вода
1 лажица сув квасец
2 лажици маслиново масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
2 л вода
½ лажица сода бикарбона

ПОДГОТОВКА

    1. Подготовка на тесто1.Во сад ставете ги сите состојки за подготовка на тестото. Брашното, водата, маслиновото масло, сувиот квасец, солта и шеќерот. Со електричен миксер измесете фино, средно меко тесто.
    2. Стасано тесто2.Ако месите рачно ќе ви треба околу 10 минути, а со миксер нешто помалку. Измесеното тесто, покријте го со крпа и оставете го да нарасне на собна температура, отприлика од два до три часа.
    3. Формирање на ѓевречињата3.Откако тестото ќе се подигне спремно е за правење ѓевречиња. Набрашнете ја работната површина, и поделете го тестото на еднакви делови. Ние ги меревме по 80 г. и излегоа 10 ѓевречиња. Со палците на средина направете дупче на топчето, а потоа и кружна форма.
    4. Спремни за печења4.Во меѓувреме ставете два литра вода во големо тенџере и зовријте ја водата. Ставете половина лажица сода. Секое ѓеврече варете го од двете страни по една минута. Потоа исцедете ги на кујнска хартија, наросете ким, сусам и морска сол и оставете ги уште 15 минути да одморат.
    5. Испечени спремни за дегустација5.Печете во добро загреана рерна на 220 степени околу 25 до 30 минути, додека ѓевречињата не добијат кафена боја. Оставете ги да се оладат неколку минути, а потоа на лапачка.
Повеќе рецепти на www.migusto.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1