За да се опуштите и да не ве боли глава – Како да направите здрав пијалок од нане


Покрај тоа што е совршен летен пијалок, чајот од нане е совршен сојузник за рамен стомак.

menta2Нането смирува и опушта, ефективно елиминира иритација на стомакот, сите дигестивни проблеми и надуеност.

 Во неодамна спроведеното истражување, 95 % од испитаниците кои помирисале екстракт од оваа билка, почувствувале релаксација и намалување на главоболката во првите две минути. Исто така, истиот процент на испитаници истаккнале дека болката потполно исчезнала по триесетина минути.

Мнозинството од учесниците во рамки на ова истражување истакнале дека овој екстракт делувал многу подобро од лековите во однос на нивната главоболка.

Освен што ја ублажува болката, екстрактот од ментол придонесува за опуштање на мускулите на главата и вратот, а воедно добро делува и против напнатоста и укоченоста во тие делови.

Состојките за овој освежителен пијалок се: 1 литар вода, 3-5 вреќи со чај од нане, малку сок од лимон и неколку коци мраз.

-Сварете еден литар вода и додадете ги кесичките чај од нане. Додека е топол, ако сакате засладете го со малку мед, потоа пијалокот треба да се излади на собна температура. Подоцна преточете го во стаклено шише и  чувајте го  во фрижидер.

За посилна вкус можете да истискате уште лимон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1