Како да проверите дали ве приклучиле на евтина струја


Од ЕВН Македонија започна да ги прилагодува броилата по т.н. отчитувачки групи, а истиот процес ќе трае четири недели додека рачно не се адаптираат околу 800.000 броила.

Прилагодувањето започна од четвртата отчитувачка група која се реализира во период од 25 до 29 септември. Од почетокот на следниот месец т.е од 2 до 6 октомври ќе се прилагодат броилата на првата група, од 6 до 15 на втората и последните ќе бидат прилагодени од 17 до 24 октомври.

Од ЕВН велат дека информацијата дали сатот е прештелуван или не, граѓаните ке ја добијат со наредната сметка за струја.

На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во период од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 што ќе значи дека во тој период има евтина тарифа.

Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.

turlitava.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1