Како да реагирате кога детето пцуе и користи вулгарни зборови?


Малите деца се како сунѓери – кажете нов збор и гледајте како тој си наоѓа место во речникот на вашето дете. Особено ако новиот збор привлекува внимание.

Децата од претшколска возраст пцујат затоа што наидуваат на силни реакции кај возрасните – смеа, лутина. Кога едно дете за првпат користи одреден збор, тоа всушност експериментира со јазикот. Неговата намера не е да повреди никого, бидејќи ни самото не го разбира значењето на зборовите кои ги користи.dete

Истражувањата покажуваат дека 60% од децата пцујат, а 42% го „збогатуваат“ својот речник со лоши зборови пред да наполнат 3 години. Па, што можете да направите ако вашето дете користи непристојни зборови?

 

Во никој случај не се смејте. Колку и забавно и смешно да звучат непристојните зборови кога излегуваат од детската уста, морате да се воздржите и да ја сокриете насмевката. Ако детето увиди дека вам ви е интересно, ќе ги задржи „забавните“ изрази и ќе продолжи да ги користи за да ве расположува. Важно е да поразговарате и со вашите блиски и да ги предупредите да не го охрабруваат „лошиот“ речник преку насмевки.

Задржете „ладен“ израз на лицето. Колку вашата реакција е посилна, толку поголем впечаток му остава да детето и толку повеќе му се зголемува желбата за повторување на вулгарниот збор. Како што не е препорачливо да се смеете, така не е ни препорачливо да се лутите. Постои вистинит психолошки принцип кој вели: „Забележете нешто што не ви се допаѓа кај вашето дете, покажете емоции и проблемот гарантирано ќе се влоши.“ Предизвикувањето на емоции кај возрасните, независно дали тоа е смеа или лутина, значи поседување на огромна моќ кога си мал. Најдобро е да останете ладнокрвни.

Не му велете дека непристојните зборови се зборови само за возрасни. Децата сакаат да бидат како возрасните, па ако му речете дека непристојните зборови се за возрасни, ќе му ја зголемите желбата да ги користи. Доколку детето слуша ваш чест гостин како пцуе или изговара навреди, важно е да му објасните дека и гостинот греши и дека тој речник е недозволен и за мали и за големи.

Зборувајте за лошите зборови насамо и кога детето е смирено. Не се обидувајте да му објасните зошто не треба да пцуе или да користи вулгарни зборови кога тоа е возбудено, разлутено или кога имате гости. Во таква еуфорична атмосфера детето нема да може максимално да ги „апсорбира“ вашите совети. Разговарајте со него насамо.

Поставете правила во вашиот дом и сите придржувајте се кон нив. Кажете му на детето нешто како „Можеби ќе слушнеш други деца како го кажуваат тој збор, но тој не е дозволен во нашето семејство“ или „Во нашиот дом не го употребуваме тој збор, бидејќи ги растажува и повредува другите“.

Зборовите имаат своја цена. Ако детето е малку поголемо и поседува свои пари, воведете правило во домот секој навредлив збор да се казнува со одредена парична сума која ќе завршува во специјална каса. Важно е и вие да ставате пари во касата доколку го нарушите правилото.

Заменете го „смешниот“ збор со шега. Најчесто децата користат непристојни зборови затоа што наидуваат на смеа од страна на возрасните или децата, па мислат дека тие се забавни. Научете го вашето малечко да ги развеселува луѓето на други начини, со помош на забавна шега или кратка приказна која ќе може да им ја прераскажува на другите.

Во крајни случаи кажете дека „валканите зборови припаѓаат во тоалетот“. Ако ништо друго не успева, дозволете му на детето да го користи научениот непристоен збор, но само во тоалетот. Кога никој не го слуша како го изговара овој збор и не наидува на никаква реакција, брзо ќе му здодее, па голема е веројатноста да престане да го користи.

Внимавајте на сопствениот јазик. Околу половина од децата кои пцујат или користат непристојни зборови признаваат дека ги слушнале истите во своите домови. Независно дали сте се изнервирале поради лошиот сообраќај или бучниот сосед, потребно е да зачувате контрола над своите зборови. Правилата кои постојат за детскиот јазик треба да важат и за возрасните. Едноставно е, ако не сакате одреден збор да се најде во речникот на вашето дете, не го употребувајте.

Не го казнувајте. Иако многу родители веруваат дека казните ќе го решат проблемот, тоа не е точно. Казните во случајов губат сила, бидејќи детето го смета вниманието од родителите како награда, макар и кога станува збор за негативно внимание (казнување и карање).

Наградете го со комплименти и охрабрете го кога користи љубезни зборови. Заблагодарете му се кога користи добри зборови и покажете му колку сте горди со него.

ZaSe.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1