ВИДЕО: Зоран Верушевски уапсен за детска порнографија?!


Уапсен е поранешниот директор на Агенцијата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски, објави Алфа ТВ.

Повикувајќи се на сопствени извори телевизијата објавува дека Верушевски се сомничи за серија тешки кривични дела меѓу кои нелегално поседување оружје и детска порнографија.

– Неофицијално дознаваме дека во моментов се вршат претреси на повеќе локации, но во интерес на истрагата нашиот извор не сака да ни даде повеќе детали. Дознаваме дека Верушевски веќе е изведен пред Судија на претходна постапка, се вели во информацијата.zoran verusevski2

Од полицијата засега само неофицијално потврдиле.

– Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот, пишува Алфа.

adssfdsdf

Инаку Верушевски, во времето на владеењето на СДСМ важеше за еден од главните луѓе од доверба на екс-лидерот на оваа партија Бранко Црвенковски. Извршуваше повеќе функции во безбедносно-разузнавачкиот систем во државата, а главната функција му беше директор на тогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање. По паѓањето од власт на СДСМ во 2006 година, Верушевски во јавноста имаше проблеми поради однесувањето на неговиот син. После неколку кривични пријави, Александар, синот на Верушевски беше осуден на две години затвор, но не ги одлежа. Црвенковски во 2007 како претседател донесе одлука и го помилува Александар Верушевски. Ваквата негова одлука предизвика остра реакција во јавноста и медиумите пишуваа дека со ова „Црвенковски враќал стари долгови кон неговиот близок соработник Зоран Верушевски“.
Зоран Верушевски во времето на СДСМ беше и помошник- министер за информирање во МВР, шеф на кабинетот на поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски во МВР. Во пследните години од владеењето на СДСМ на голема врата се врати во Министерството како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1