Рок да се изјаснат до 31ви март- Откуп на општествените станови или договор за закуп?


Корисниците на општествени станови, лицата со ниски примања кои имаат договори за закуп до 2006-та година и дивовселените лица, најдоцна до 31- март треба да достават барање за откуп или закуп на станот.

Во  следниов период, на сите наведени лица ќе им се укаже можност да го откупат станот во кој сега живеат или да направат договор за закуп.stan pari kukja

-Законот за домување е стапен на сила на 7-ми јануари. Барањата можат да се доставуваат најдоцна до 3-ти март и за откуп и за закуп на станот. Сите корисници ќе бидат посетени, ќе им се презентираат измените во законот и ќе бидат информирани како да го достават барањето. Граѓаните треба да достават само барање во предвидениот рок, а целата останата документација ќе биде средена по службена должност, рече министерот Јанакиески.

Екипите на терен ќе работат двосменски за да можат да се посетат сите општествени станови, становите со договор за закуп до 2006-та година и дивовселените станови.

-Апелирам поскоро да биде комплетирана документацијата. Подрачните единици на Акционерското друштво ќе работат од 8:30 часот наутро до 19:00 часот, за да можат да се посетат сите, а некои од нив работат до 16 или 17 часот. Теренска контрола ќе има и во сабота и недела, рече директорот Грозданов.

Тимовите на терен излегуваат веќе во понеделник. Ако корисниците на општествените станови не поднесат барање за откуп или закуп до предвидениот рок, кој досега неколку пати се продолжуваше, ќе им биде одземено правото за откуп на станот, бидејќи досега неколку пати имаа шанса да го сторат тоа. Надвор од рокот, тие ќе можат само да напарават договор за закуп.

Има 4 категории и 4 поткатегории за закуп на стан. Закупот зависи од примањата што ги остварува семејството. За социјално ранливите категории, корисници на социјална парична помош, нема закупнина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1