Како да се разладите: Трикови кои мора да ги знаете на +40 степени


– Доколку ви е потребно итно освежување – ставете ги глуждовите на рацете и нозете под млаз ладна вода неколку секунди. ќе почуствувате свежина на целото тело.

toplo-vreme

– Моментално освежување дава и спрејот со термална вода – доколку и тој го чувате во ладилник ќе ви биде незаменлив за инстант разладување.

– Рано наутро веднаш туш – не се туширајте со ладна вода бидејќи ќе се потите повеќе во текот на денот. најдобро е со млака вода.

– Нанесете млеко за тело – чувајте го во фрижидер ќе ви даде неверојатно свежо чуство кога ќе го нанесете ладнo.

– За да спиете поубаво некои препорачуваат навлаките за перница да ги чувате во фрижидер најмалку 2 часа пред да легнете да спиете. Ќе ви ја одржат свежината и перницата ладничка додека да ве фати сон.

– Шишиња пластични со замрзната вода – завиткани во ќесиња за да не го намокрите креветот ставете ги на местото каде спиете – ќе ја намалат температурата на душекот и ќе ви биде многу пријатно кога ќе легнете на разладениот душек. истото важи и за перниците.

Phone-under-pillow– Пијте многу течности – но не секакви. Никако газирано. Велат дека најдобро е обична вода со нане и малку лимон –  оставете ја во фрижидер преку ноќ  – утрината ќе имате вистински освежителен пијалок кои на телото му дава се што е потребно за да не дојде до дехидрација.

– тупфери памук натопени во вода и оставени во фрижидер – ќе ви дадат инстант разладување. Кога ви се потребни извадете ги од фрижидерот. Прво нанесете ги на вратот, посебно делот под темето на главата и слепочниците. Важно за разладување е да ги нанесете и на нозете. доколку не сте во можност под прстите – тогаш барем глуждовите.

– шише со замрзната вода држете на место каде има провев – додека се топи минимално но сепак за овие жешки денови значајно ќе внесе ладничок воздух во собата. Доколку имате вентилатор поставете го шишето пред вентилаторот и веднаш ќе ја почуствувате свеѓината – совет – ставете го шишето во пластичен сад бидејќи додека се топи ќе ви направи бербат наоколу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1