Како да се заштедат пари за греење


Покрај финансиската заштеда, изборот на индивидуален начин на греење води кон намалување на загадувањето како горлив проблем за македонските градови и кон заштеда на енергија.

Покрај традиционалната опција за греење со дрва, во моментов најдобрата опција за греење е дрвата за огрев да се заменат со брикети. Нивната атрактивност произлегува од фактот што употребата на еден тон брикети со висок квалитет се еквивалентни на четири до пет кубика огревно дрво. Со употребата на брикети се надминуваат горливите проблеми на сечење и складирање на огревното дрво, кое по правило зафаќа огромен дел од подрумските простории или останатите површини од домот. Различните модели и цени на котли на дрва vо зависност од карактеристиките што ги нудат, можат да се набават квалитетни уреди од реномирани компании од Германија, Италија, Хрватска и од други европски земји.briketi pecka greenje2

Како обновлив извор на енергија, во Македонија од година во година се зголемува побарувачката за греење со пелети, кои се супериорно гориво за греење во однос на останатите енергенси. Пелетите штедат пари бидејќи еден тон пелети има топлинска моќ колку четири кубика огревно дрво, при што зафаќаат само една третина од просторот кое би го зафаќало огревното дрво. Можеби најважен податок е дека согорувањето на пелетите го одржува воздухот чист, тие се докажано најчисто цврсто гориво за согорување. Покрај самото гориво, камин на пелети е извонреден избор од неколку причини. Еден просечен камин на пелети има голема ефикасност на согорување, и тоа до 85%. Овие уреди произведуваат помалку пепел – се чистат еднаш на неколку недели.briketi pecka greenje

За разлика од централните системи за греење, затоплувањето на електрична енергија овозможува енергетска самостојност на секој дом или на работното место. Можноста веднаш да се активира или исклучи уредот за загревање е незаменлива предност која овозможува постигнување на посакуваната температура во просторијата, со што истовремено се овозможува заштеда на финансиските средства кои се трошат за централното греење во моментите кога никој не се наоѓа во просторијата. Како најпрактични за еден дом се панелните конвектори, кои лесно се монтираат и зафаќаат помал простор, во споредба со традиционалните радијатори. Идеални за поголеми простории се фенкојлерите, кои со интелигентната контрола на управување овозможуваат адаптација на внатрешната температура и флексибилност иманентна на вентилаторските конвектори. Затоплувањето на електрична енергија е извонредно лесно со помош на инвертер клима уредите, кои во споредба со останатите уреди за загревање, можат да се користат во текот на целата година и за ладење на просториите.

build.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1