Бен Афлек збесна во одбрана на муслиманите: Не се сите фанатични (ВИДЕО)


Бен Афлек гостувал во шоуто на Бил Махер и притоа учествувал во расправата за заостанатоста и исклученоста кога станува збор за муслиманите и исламот.

Славниот глумец и режисер жестоко застанал во одбрана на муслиманите во контекст на генерализирањето со терористичките групи и нивните постапки. Тој во шоуто се појавил за да го промовира својот најнов филм „Отидена девојка“ (Gone Girl), но дебатата брзо заминала во политичка насока, пренесува Дејли мејл.ben aflek

Махер, кој е атеист и гласен критичар на исламот, минатата недела кажал дека „неверојатни количества муслимани низ целиот свет веруваат дека луѓето заслужуваат да умрат само поради тоа што имаат поинакво мислење или затоа што направиле цртан филм, напишале книга или избегале со погрешна личност“. „Муслиманите едноставно имаат премногу заеднички нешта со ИСИС“, кажал тој.

Тој неделава се навратил на темета, започнувајќи расправа за тоа како се гледа на исламот и како тој се анализира. Афлек особено се налутил поради коментарите на друг гостин во емисијата, Сем Харис кој кажал: „Ако погледнете како во муслиманскиот свет постапуваат со жените, хомосексуалците и интелектуалците, можам да кажам дека либерализмот таму утнал. Ни се продава некаква карикатура на исламофобија, во која секоја критика на доктрината на исламот се нарекува омраза против муслиманите како луѓе. Тоа е апсолутно апсурдно“.

Афлек на тоа одговорил: „Вие сакате да кажете дека исламофобијата не е реална? Тоа е одвратно и расистичко“. Харис на тоа му одговорил: „Бен, мораме да имаме можност да ги критикуваме идеите. А исламот во овој момент е жариште на лоши идеи“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1