Голман останал инвалид откако го скршил вратот кога ја фрлил топката


Дарен Дејвис, 36-годишен голман на велшки аматерски клуб останал инвалид и парализиран откако бизарно се повредил – фрјајќи ја топката кон свите соиграчи.

Дејвис паднал како покосен откако ја фрлил топката, затоа што го скршил вратот при тоа фрлање, но неговите соиграчи мислеле дека тој се шегува со нив и не ја сфатиле повредата сериозно, пренесува Спорт медиа.goalkeeper

Но, брзо по тоа, сфатиле дека тој не се шегува, туку дека не може да мрда и дека е парализиран, па повикале итна помош и го префрлиле во Универзитетската клиника во Кардиф.

„Кога ја фрлив топката, одеднаш почувствував силна болка во вратот. Паднав како покосен на тревата и не ги чувствував нозете“, рече дарен.

Ова за него бил само втор меч за аматерскиот клуб Фил АФЦ од Њупорт, јужен Велс.

„Мислевме дека се шегува, јас си помислив што ли прави? Потоа сфатив дека тој всушност не може да мрда“, рече тренерот Брајан Морис.

Сега со оперативни зафати, Дарен го очекува преиод од 18 месеци во кој треба повторно со рехабилитација да се обиде да прооди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1