КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС


Земјотресите НЕМОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ, но може да научиме како да се заштитиме од истите.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ ВО ЗАТВОРЕНА ПРОСТОРИЈАits-pappu-an-earthquake-survival-guide-bup0lz-clipart

→ВЕДНАШ ЗАСОЛНЕТЕ се на побезбедните места: довратници, носечки ѕидови, под маса или друг поцврст дел од мебелот, или покријте го лицето и главата со рацете и засолнете се во ќошот од внатрешните ѕидови од просторијата и ОСТАНЕТЕ ТАМУ ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ.
→Ако лежите СПУШТЕТЕ се покрај креветот и заштитете ја главата со рацете.
→ОДДАЛЕЧЕТЕ СЕ од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати и било што што може лесно да падне како што cе ормари, полици, лустер, и слично.
→ОСТАНЕТЕ во затворениот простор додека трае потресот (најмногу повреди настанува при обиди за напуштање на затворениот простор ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ)
→Додека трае потресот НЕ КОРИСТЕТЕ лифтови и скали.
→Кога е безбедно напуштањето, НЕ КОРИСТЕТЕ лифт.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЗЕМЈОТРЕС КОГА СТЕ НА ОТВОРЕН ПРОСТОР

→ Подалеку од уличните светла, електричните кабини, високите згради (најопасно е во близина на излезите на објектите и од надворешните ѕидови).
→Ако сте на улица внимавајте на објектите кои може да се срушат или предмети да паднат врз вас (оџаци, ќерамиди, искршено стакло и друго).
→ Главата заштитете ја со рацете или ташна на пример што ја носите со вас.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1