Масло-гриз-шеќер-вода. Земете една шолја и почнете да го подготвувате овој вкусен десерт.
Потребно е:
1 шолја (200 мл) масло
2 шолји гриз
3 шолји шеќер
4 шолји вода
100 гр ситно сецкани бадеми
бадеми/ораси/лешници
малку цимет, по желба
Подготовка:
– Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.
– Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.
– Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.
– Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.
– Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.
– По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.
Миа