Како да возите на снег и мраз


Прво и основно, никако не тргнувајте на пат без зимска опрема. Зимската опрема ја прават зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 4 mm, како и синџири кои по потреба се монтираат.

Во зимски услови не е лошо со вас да понесете и лопата, малку песок, старо ќебе, метла за чистење на стаклото, спреј против замрзнување на стаклото, спреј за брава.pat nokj sneg 2

Пред да го стартувате возилото во зимските денови задолжително прво треба да ги исчистите снегот и мразот од покривот и од стаклените површини, проверете го греењето и немојте да штедите на гориво, затоа што во случај на застој на патот ќе ви треба греење.

Кога има снег и мраз по патиштата, најдобро е да возите под мала гас во помала брзина. Најважно е да не се прават нагли движења со воланот или со сопирачките, ако е потребно да се намали брзината, најдобро е да се користи моторно кочење, односно да се префрли во помала брзина, внимателно за возилото да не се занесе. Во такви услови треба да заборавите на ножните сопирачки.

Ако возите во длабок снег, управувачот треба да се држи право за предните и задните тркала да имаат ист правец на движење.

Ако автомобилот „шлајфува“ треба да се обидете да се движите наназад, а ако тоа не ви успее тогаш под тркалата треба да се стави песок, гранки, крпи и сл.

Неколку корисни совети

-Доколку  останете на пат поради дефект или застој во зимски услови, а немате доволно гориво, може да ви помогне и една обична свеќа, која температурата во автомобилот ќе ја крене и до 10 степени целзиусови.

– Пред да стане студено добро е во бравите да ставите малку глицерин со помош на пипета или стар шприц за инјекција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1