Нов Чернобил: Околу украинска нуклеарка, радијацијата е 16 пати поголема од дозволеното!


Инцидент во украинската нуклеарна електрана Запорожје. Според медиумите кои се на самото место кај електранта, инаку најголема во Европа, тече радиоактивен материјал и загадувањето е 16 пати поголемо од дозволеното.

Неофицијално, проблемот настанал кога работниците во електраната, како што стои во извештајот, се обиделе да ги заменат шипките за гориво од руско производство со американски.Screenshot_34

Истата електрана веќе била исклучувана поради дефекти, а тогаш несреќата се случила во третиот блок во секторот за производство, но по затворањето, Украинскиот Инспекторат за нуклеарна енергија соопштил дека не е регистрирана зголемена радијација.

По два дена нуклеарката продолжила со вообичаена работа…Агенцијата Interfax пренела дека проблемот се случил во реакторот во Блок 3, кој има 1.000 мегавати. Компанијата која управува со централата објавила дека проблемот настанал во единицата за производство за електрична енергија.

Вознемиреноста поради нуклеарната безбедност во Украина е многу голема, бидејќи земјата и денес се бори со последиците од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986. година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1