Уште една снимка: Газда на фирма од Велес бара од работниците да му ги вратат парите од К15


„Ве контактирам за да Ви се пожалам дека текстилната фирма во која работам (името познато на редакцијата) од Штип се уште не ни исплатила регрес за годишен одмор. Сите што се побунија веднаш беа избркани од работа. Не манипулираат и ги прикриваат саатнините а до сега ниту една надлежна служба не дошла за да направи контрола. Не експлоатираат како да сме робови. Апелираме до инспекциите да дојдат и да видат што се случува.“ – вака работник во една приватна компанија преку Press24 се реши да побара помош од надлежните институции.

Denari

Тој не е единствен. Иако истекува рокот за исплата на К15 што е и обврска за фирмите, голем дел од нив воопшто ги немаат исплатено, а има и такви кои ги исплаќаат па бараат од работниите парите да им ги вратат назад, заканувајќи им се дека ќе ги избркаат од работа.

Друг наш читател кој работи во една компанија во Велес (името познато на редакцијата) тврди дека има и видео матерлјали кои нема да ги објавиме бидејќи не можеме да ја потврдиме автентичноста, на кои се гледа како сопственикот на фирмата бара да му ги вратат парите од К15.

Уште еден читател кој работи исто така во велешка фирма тврди дека сопственикот не им исплаќа К15 биедјќи еден месец биле на боледување.

Имињата на фирмите не ги објавуваме бидејќи нема начин да провериме дали се точни тврдењата на нашите читатели, но нашата редкација е подготвена да им ги даде на надлежните инсоекациски служби кои можат да проверат дали се прекршува законот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1