Како да возите за време на поплава?


Како да реагирме за време на ваква елементарна непогода и кои чекори треба да се преземат со цел да се избегнат опасностите?

Додека голем дел од автомобилите ќе успеат да ги преминат големите поплави сепак постои ризик. Освен електричната енергија, постои и ризик моторот на автомобилот да прими вода, а во полошо сценарио постои ризик автомобилот да биде повлечен подлабоко во поплавената вода додека вие сте внатре.skopje poplava33

Што треба да направите кога ќе се соочите со поплава?

Првиот совет би бил да се обидете да ја избегнете, но ако не можете тогаш прво треба да се осигурате дека нема повеќе од 15 сантиметри стоечка вода или 10 сантиметри движечка вода. Најдобро би било да паркирате и да проверите колку е длабока водата преку набљудување на другите автомобили и камиони кои се обидуваат да поминат низ водата. Исто така треба да бидете особено внимателни на дупките каде водата би можела да биде подлабока.

Ако се одлучите да поминувате низ водата, останете на највисоката точка од патот и ползете низ водата во прва брзина. Одржувајте го бројот на вртежите на моторот (притискајте го кумплугот) за да не навлезе водата во аусплухот. Исто така не треба да брзате бидејќи со големата брзина водата ќе навлезе во моторот.

Избегнете да возите пребрзо во уште поплитки барички бидејќи може да доведе до лизгање, со што предните гуми нема да можат да го контролираат автомобилот и ќе изгубите контрола. Кога ќе излезете од водата, исушете ги сопирачките, притискајќи нежно на кочницата.

Доколку вашето возило не може да се вози, тогаш најдобро би било да излезете од автомобилот и да се обидете да стигнете на суво.

Факултети.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1