Како да заработите пари – Балкански синдром


Која е причината поради која повеќето луѓе никогаш не заработуваат многу пари? Никогаш не почнуваат! Колку пати ви се случило да знаете точно што треба да сторите, но никако да започнете. Едноставно морате пред тоа да ја изгледате најновата епизода од некоја сапуница, или некој фудбалски натпревар. Се чувствувате уморни, па трошите време на непотребни работи.

И така час по час на денот ќе му дојде крајот. Изутрина ќе се разбудите со чувство на вина, бидејќи претходниот ден не сте го направиле она штои требало. Одлучивте да се да се фрлите на работа, но пред тоа задолжително морате да си купите цигари, а таму ќе ве измамамат и најновите трач-вести од некоја жолта штампа. И да започнете со работа тој ден, за неколку часа повтороно ќе се почувствувате деконцентрирани и повторно ќе ја одложите целата работа за неколку часа, односно за утре.

Проблем! Утре истата ситуација ќе се повтори, исто како да сте пуштиле некој филм што вчера сте го гледале.

Ваквиот начин на однесување се нарекува „балкански синдром“. Балканците стануваат жртви на овој синдром најчесто уште во основно училиште и заразата си ја носат како неискоренлива бактерија до крајот на животот. Животно мото на заболените е „и утре има ден“. Балканците не си го оддржуваат зборот, секоја втора изговоерена реченица им гласи: „нема проблем“ а во фирмата работат само поради здравственото и социјално осигурување.

Епа, драги Балканци нема потреба да се споменува дека за да станете богати мора целосно да се ослободите од овој синдром. Едноставно решавајте ги задачите и проблемите веднаш кога ќе се појават. Без одложување! Таквиот начин на однесување со тек на време ќе ви постане навика, а потоа и задоволство. Од балканскиот синдром можете да се ослободите само преку напорна работа.


Сетете се само на цртаниот филм за Попај морнарот. Секогаш кога ќе се најдеше во невоља Попај отвараше конзерва спанаќ. Секогаш кога ќе ве фати мрза и неодлучност помислете на Попај.
Пронајдете си замена за спанаќот на Попај и тогаш ќе немате право на изговори. Со полна пареја на работа.

Посебно внимание обратете на оние работи кои ви се омразени, од нив ослободете се прво. Подредете ги задачите според приоритетите: поделете ги на итни, помалку итни и не толку итни. Исчистете го вашиот работен простор. Средете ги сите документи, така што лесно ќе ги пронајдете во секој момент. Немојте да слушате музика, иако на прв поглед се чини како одлична идеја, но музиката не ви дозволува целосно да се задлабочите во работата. И немојте во никој случај да се излажете по „facebook“.

Престанете да се надевате на лото или бинго и уште денес престанете да гледате шпански и турски серии. Тие никогаш нема да ви донесат ниту една паричка. Гледајте ги само оние емисии кои се едукативни и можат да ве инспирираат, емисии кои се поврзани со вашите цели, интереси и планови. Накратко престанете да губите време. Навистина има ли поголем злочин од изгубено време

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1