Како е можно? – земал кредит од 5000 евра а вратил 4000 – еве како ја зезнал банката


Исповед на еден граѓанин на кој му тргнало од рака.

Меѓу кредитно способните граѓани на Србија постојат и такви кои се повеќе способни и оние кои се едвај способни. Во која група спаѓам сфатив кога ми стигна третата рата од кредитот. Беше тоа пред седум години и неколку месеци. Имав дилема дали да земам кредит во евра или динари. Пресеков многу едноставно.

banka pari

Морав да го направам тоа во динари, затоа што за нив не бараа депозит, кој и така го немав,

Иако за динарот беше речиси дупла каматата, сепак долгот на кредитната картичка која банката ми го смести како еден вид на должничко ропство, изнесуваше некои 150.000 динари, кои две години ги враќав. Никако не успеав да го намалам минусот, а само отплаќав камата на главницата. И тоа ќе одеше недоглед, ако не ми светнеше дека со помош на кредитот можам го одврзам јажето околу вратот. Ратата ќе ми беше колку и претходната месечна камата, а за три годни би се извлекол од минус.

Ме убедуваа од банката дека е подобро да се задолжам со евро – клаузула, но останав упорен да пробам во динари. Земав заев да го вратам долгот и да ми се најде некоја пара во црниот фонд. Кога ми е исплатена динарската кредитна рата, можев да купам околу 5000 евра. Ја анулирав дупката на кредитната картичка и купив евра за црни денови.

Тој третиот месец на динарската рата повеќе не ми беше еквивалент на евро стотка, туку беше околу 85 евра. Се на се, педантно бележев колку секој нареден месец динарската рата би ми била во евра и сфатив дека сум поспособен отколку што мислев. Сума сумарум, банката ми даде 5000 евра, а јас и вратив нешто повеќе од 4000. Преведено, од вибрациите на динарот, наместо банката јас сум тој кој што имаше корист.

Давањето кредити со девиза клаузула на банката на нашиот пазар создава екстрапрофит. Им ја продаваат парата на клиентите како роба, заработката на банката секаде во светот би требало да биде искажана во камати. Кај нас додатната и тоа огромна заработка на банката стигнува на курсните разлики.

Се е тоа завиено во една убава и помалку неразвиена форма, со разби либори, еуролибори, номинални, есконтним и интеркалани камати, па трошковите на одржување на кредиот, идните сметки, провизиите на одобрување и надокнада за уверувањата од кредитното биро и куповната моќ…

Што покомпликувано, толку подобро за банката, а полошо за клиентите.

Занимавајќи се со таканаречена проста математика, по обратен ред, множејќи ги износите од ратата со периодот на отплата, ги споредував коефициентите или просто речено, колку динари земаш, а колку враќаш. И тука сфатив дека постои ранк-листа на банки, од оние кои за динар ти бараат 1,40 до оние ко ладнокрво за динар земаат 1,80.

И кој рецепт го употребив за да ги докусурам. Отворив тековна сметка во три банки и подигав динарски готови кредити се до лимитот од пола плата, купував евра на улица и ги давав на банките на орочено штедење. Дури во една од тие банки го рефинансирав сопствениот крдит, затоа што условите станаа поволни, во превод, ја намалив ратата, а добив и мал динарски кеш.

Да не сум осамен јавач, за ова бинго им кажав и на пријатеите па повеќето од нив ме следеа. И не се покајаа. Ги ограбивме банките со курсната разлика играјќи на проценката на емпирско-здраворазумското сознание дека динарот ќе падне. Кога сето тоа започна еврото вредеше околу 72 динари, а денес аоколу 122.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1