Ова се четворицата најбогати Балканци


Големата четворка – така би можеле да се наречат бизнисмените за кои магазинот Форбс ги наведе како најбогати бизнисмени во регионот: хрватот Ивица Тодориќ- сопственик на Агрокор, чие богатство пред купувањето на словенечкиот Меркатор е проценето на 581 милиони евра, српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ, Хрватот Емил Тедески и словенецот Санди Чешко, пишува Танјуг за најбогатите луѓе на Балканотforbes_668486S1-630x315

Ивица Тодориќ -од цвеќар до најбогат човек на Балканот

Танјуг потсетува на почетоците на Тодориќ во производството на цвеќе, а потоа на овошје и зеленчук. Агрокор го основа во 1989 година, а најголем залет го доживеа за време на приватизацијата кога купи бројни компании. По купувањето на Меркатор, Агрокор стана најголем производител и продавач на храна во регионот, а Тодориќ ја зацврсти својата позиција како еден од најмоќен човек на Балканот.

Миодраг Костиќ – српскиот крал на шеќерот

Втор по богатството на Балканот со проценети 520 милиони евра, Миодраг Костиќ е српскиот крал на шеќерот. Исто како и Тодориќ се шири во сите сектори во економијата, па дури и во енергетиката. Неговата МК Група има 35 фирми.

Емил Тедески – нема диплома, но го разбира бизнисот

“Во средината на осумдесетите Тедески се бавел со музика. Роден е во Сплит, потомок е на трговец од Корчула и иако не завршил факултет , води силна компанија во Хрватска, пишува Танјуг за првиот човек на Атлантик Груп. Тедески сопственик е и на кошаркарскиот клуб Цедевита.

Санди Чешко – скромен милионер

Имотот на словенечкиот милионер Санди Чешко, сопственикот на Студио Модерна се проценува на 410, 6 милиони евра. Се претставува како скромен милионер кој нема јахна, дури ни секретарка. Парите воглавно ги заработува преку ТВ продажба на различни производи. Својот бизнис го започна со продажба на космодиск. Неговата Студио Модерна делува во повеќе од 20 земји, а седиштето на неговата компанија е во Холандија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1