За разлика од природната, фарбаната коса бара многу повеќе нега и внимание, бидејќи вештачката боја ја суши косата и ја прави покршлива.
За бојата да ви трае подолго и да го избегнете фризерот, важно е правилно да ја одржувате.
Се препорачува да ја миете косата со млака вода, наместо со жешка која ги отвора кутикулите и го предизвикува измивање на бојата.
Пред првото убаво шампонирање и миење препорачливо е да се почека да поминат 48 часа за бојата убаво да навлезе во влакната.
Може да се мие секој втор ден, а во меѓувреме по потреба да се користи сув шампон.
Треба да се избегнуваат препаратите за нега кои содржат сулфат и алкохол. За фарбаната коса одговараат само шампони и регенератори наменети за таков тип коса.
Тие содржат силикони кои ја заштитуваат површината на влакната и спречуваат нејзино отворање и избелување.
Фризерите предупредуваат дека високата температура на фенот или пеглата за коса на бојата делуваат еднакво како сушалната за долна облека, особено црната која делува избледена.
Затоа, бар делумно да ја заштитите при фенирањето не користете четка со метални запци, туку со пластични.