Причините поради кои Тесла не се оженил!


Научникот Никола Тесла во август 1924 година во изјава за „Галвестон дејли њуз“ објаснил зошто никогаш не се оженил. Како што се наведува, тој најпрвин истакнал дека жената е посупериорна во однос на мажот, а потоа и дека таа исчезнала, а на нејзино место дошла жена која мисли дека нејзин главен успех во животот е да биде рамноправна со мажот, како во облекувањето, гласот, постапките, спортот и друго.nikola tesla

-Жените стануваат посилни од мажите и физички и ментално. Светот искуси многу трагедии, но според мене најголема од сите е сегашната економска состојба, во која жените се натпреваруваат со мажите и во повеќето случаи навистина успеваат да го заземат нивното место на професионален план и во индустријата. Оваа тенденција на жените да ја фрлат машкоста во сенка, претставува знак дека цивилизацијата пропаѓа- рекол Тесла.

Тој додал дека сите достигнувања на мажите биле инспирирани и поткрепени со љубовта на жените, но наместо жените да станат победнички тие станале жртви.

-Во нејзиниот живот нема задоволство. Жените многу често забораваат дека не може сите да бидат примадони и филмски ѕвезди – вели научникот, кој сметал дека токму поради тоа нашата цивилизација ќе потоне во состојба која ја гледаме кај пчелите, мравките и други инсекти, во која мажјаците се убиваат и дека во матријархалната империја ќе владеат женски правила .

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1