Како ги пречекаа српските борци по враќањето од Украина?


Група српски доброволци кои војувале на страната на проруските сепаратисти во Украина се вратија ноќта меѓу четвртокот и петокот во Србија, а на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ги чекаа припадници на српската тајна служба (БИА), јавуваат српските медиуми.srbi_ukraina

 

Безбедносно-информативната агенција во Србија ја интересирале деталите од нивниот престој во Новорусија, како што се нарекуваат областите околу Доњецк и Луганск, каде што се водат најжестоките битки.

„Ги интересираше дали заминавме таму за пари, како отпатувавме, кој го организираше тоа. Некои фотографии од мобилните телефони ни ги избришаа. Претпоставувам дека некој сака да не поврзе со руски финансиери, но ние заминавме таму со сопствени средства“, изјавиле дел од повратниците.

Во борбите во Украина на српските доброволци им биле уништени пасошите, па се обратиле во српската амбасада да им издаде нови. Така БИА ги дознала имињата на доброволците од Србија кои се борат на украинскиот фронт.

Наводно двајца Албанци и еден Хрват кои се бореле на страната на украинските сили исчезнале. Нив, според пишувањето на српските медиуми, пред две недели ги заробиле силите на Новорусија и нивната судбина засега е неизвесна, односно не може да се утврди каде ги држат и дали се живи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1