Проблеми со iPhone 6 од австрискиот А1 Aвстрискиот портал Futurezone објави дека корисниците кои го набавиле новиот iPhone6 преку операторот A1 се пожалиле на пречки при конфигурирањето пренесува Курир.мк.
„АвстрискиотA1 не ги набавува уредите официјално од Apple, и изгледа не се чувствува одговорен за таквата ситуација“- велат од порталот.
За разлика од порано, сега корисниците на A1 мора мануелно да ги внесат мрежните поставувања, поради што А1 на својата интернет страница има ставено упатство од дури осум страници за мануелно конфигурирање на интернетот, MMS заедно со Proxy и личниот Hotspot. Другите функции како LTE и говорната пошта (Voicemail) и Visual VoiceMail исто така не функционираат автоматски и мора да се активираат одделно.
Од друга страна кај операторите кои имаат склучено официјални договори со Apple за продажба на iPhone, не се наведуваат вакви проблеми.
Од Apple препорачуваат за да ги избегнете ваквите проблеми најдобро е да проверите каде и од кого ќе го набавите новиот iPhone 6, односно дали е од официјален и овластен дистрибутер на компанијата Apple.
Како што пренесовме пред некое време и македонскиот оператор ВИП ги продава новите Iphon6 и тоа уште пред и овластените дистрибутери во Македонија да ги имаат во понуда.
Нема мрежа ама има Iphon6, а не се знае како – ВИП со iPhone6 од „црн пазар” брка корисници?
По објавувањето на текстот ВИП испрати соопштение во кое наведе дека неговите уреди се набавени од Телеком Австрија Групацијата, истата групација која е сопственик и на А1 австрискиот оператор кај кого се појаиле проблеми со новите телефони. Еве што од ВИП кажаа во своето соопштение.
Како дел од сериозна групација – Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор има пристап до најновите технологии и новите апарати кои се појавуваат на светскиот пазар. Речиси сите членки на Телеком Австрија Групацијата, го воведоа на своите пазари овој уред.
– Количините на овој уред за корисниците на Вип оператор се набавени преку Телеком Автсрија Групацијата, која пак спроведува отворена тендерска постапка за најдобра понуда на овие уреди. Сите уреди iPhoneво Вип,заедно со Телеком Австрија Групацијата се купуваат од официјални дистрибутери на Епл за Европа, и за истите се достапни сите гаранции и постапки за постпродажба.
Нема информација сеуште дали и македонските купувачи кои набавиле од овие телефони имале слични проблеми како и австријците.