Лекар од Норвешка заразен со ебола


Организацијата „Лекари без граници“ во Норвешка соопшти денеска дека еден службеник на организацијата во Сиера Леоне е заразен со ебола.

Норвешкиот работник на „Лекари без граници“ е ставен вчера во карантин, откако добил температура, а анализите направени истиот ден покажале дека тој е заразен со вирусот ебола, наведе групата.lekar ebola

„Лекари без граници“ најавија дека заболениот ќе биде префрлен во Норвешка штом тоа ќе биде возможно, и оти ќе биде ставен во карантин во Осло.

И натаму се истражува како припадникот на „Лекари без граници“ е заразен, наведе организацијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1