Трогателна исповед на Ибрахимовиќ: Бев син на обичен работник и чистачка


Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Златан Ибрахимовиќ, во интервју за Гардијан раскажал многу работи од своето минато. Прочуениот шведски играч кој на 3.октомври наполни 33 години, рекол дека сеќавањата од пред 15 години не бледеат, пренесува Макфакс.

Шведскиот ас, во интервјуто рекол дека никогаш нема да заборави како бил понижуван и оспоруван, но дека му е драго што сите кои го омаловажувал сега можат само да го ‘изедат’ она што го говореле за него. Како што вели популарниот Ибракадабра тоа за него е најголемиот трофеј.Zlatan-Ibrahimovic

Ибрахимовиќ е син на босански работник и хрватска чистачка, неговите родители се разделиле кога тој имал две години. Детството го минал во мал стан на четвртиот кат од една зграда, во населбата Розенгард, во Малме.

Бил отфрлен од околината поради големиот нос и говорната мана и како што вели во интервјуто уште како дете имал можност да се запознае со сите аномалии на шведскиот систем на еднаквост. Сепак успеал да го оствари сонот и од гетото во Малме да стигне до светлата на Париз.

„Немаше кој да ми каже:„Еј како си денеска малечок Златан?“. Можев само да бидам солидарен со своите етнички сонародници. Никој не веруваше дека можам да успеам. Сите ме озборуваа, понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња. Мислеа дека ќе пропаднам поради мојот ‘долг јазик’. Сметаа дека мојата визија не може да се оствари. Но моите сништа станаа стварност. Еве ме сега сум тука, а тие кои плукаа по мене, сега само можат да ги ‘изедат своите зборови’. Тоа е мојот најголем трофеј“, рекол Ибрахимовиќ.

Живата легенда на шведскиот фудбал, во интервјуто проговорил и за тренерите со кои соработувал. Според него најинтелигентен од сите е Жозе Мурињо, со кого работеше во Интер, во сезната 2008/2009.

„Мурињо е многу паметен, кај него сите фудбалери се еднакви. Знае како да се однесува со луѓето и да го извлече најдоброто од нив. Тој без сомнение е најинтелигентниот тренер со кого сум работел, пред се поради начинот на кој работи и пристапот кој го има кон играчите“.

Златан Ибрахимовиќ неодамна стана најдобар стрелец во историјата на шведскиот национален тим, тој за 13 години играјќи во Холандија, Италија, Шпанија и Франција освоил 11 титули, единствено во колекцијата му недостига трофејот од Лигата на шампиони, но нагласува дека и без таа титула неговата кариера е успешна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1