Еднета од најдобро финансираните терористички организации, ИСИС секојдневно заработува милиони долари, пренесува „Фактор“.
Дури 45 отсто од парите на ИСИС доаѓаат од изнудување пари, запленување земјиште и имот од луѓето кои се под контрола на калифатот.
Иако не постојат официјални податоци за тоа колку „тежи” ИСИС, годинава „CNN“ објави дека оваа организација прави и по 2 милиони долари за еден ден од продажба на нафта од нејзините запленети територии.
Исламска држава досега заработила 500 милиони долари продавајќи нафта на црниот пазар.
Освен од продажбата на нафта, ИСИС заработува и на наплата на даноци, изнуди и продажба на украдени скапоцености.
Лондонскиот „Express.co.uk“ пак, пишува дека еден од плановите за финансиско уништување на ИСИС е продажба на ефтина нафта на противниците на џихадистите.