Страв и трепет за политичарите, немилосрдна кон противниците – “Челичната Леди” како што некогаш ја нарекуваа денес наполни 87 години.
Поранешниот британски премиер Маргарет Тачер се појави во јавноста првпат по подолго време, а родененот го прослави во друштво на својот син Марк Тачер и неговата сопруга.
Таа претстана да дава изјави и да се појавува во јавност, откако претрпе помал мозочен удар пред осум години и откако откри дека боледува од деменција.
Тачер имаше најдолг премиерски стаж во поновата британска историја.
За време на нејзиното владеење покрена процес на приватизација на британската индустрија, успеа да го скрши штрајкот на рударите, по што следеа ригорозни закони за синдикално делување и ја порази аргентинската армија по извршената инвазија врз Фокландските Острови.
Беше присилена да поднесе оставка, по партискиот удар, по кој ја наследи Џон Мејџор