Како ќе оди процедурата за откуп на стаж за пензионирање?


Датумот кој е определен како граница за можност за откуп на стаж е поради фактот дека од 1 јануари 2009 година започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, пишува Лидер.

Граѓаните на овој начин ќе можат да го остварат своето право на пензија или пак на повисока пензија, со правото по повластена стапка да го докупат стажот за кој во компаниите во кои во минатото работеле не им биле платени придонеси, а кои во моментов не постојат, односно згаснале како резултат на стечај, ликвидација или од најразлични причини.

Denari

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се воспоставува законска можност на осигурениците кои што биле пријавени до 31 декември 2008 година, а не им би платен придонесот на пензиско и инвалидско осигурување да можат да извршат плаќање на тој придонес и да остварат стаж на осигурување и право на пензиско и инвалидско осигурување.

Како ќе оди постапката и процедурата за откуп на стаж?

Постапката ќе оди преку Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, односно во филијалите на Фондот. Секој заинтересиран осигуреник, потребно е да достави барањње- образец. Тој ке биде објавен во Службен весник, по донесувањето на законот со подзаконски акт. Фондот за пензинско и инвалидско осигурување по приемот на барањата ќе ги направи следните проверки – пред се осигуреникот е потребно е да бил пријавен во задолжително пензиско и инвалидско осигууање или едноставно да имал пријава М1, М2 кај одреден правен субјект, тоа го проверува Фондот на ПИОМ преку податоците во матичната евиденција која што расплага. Втор момент е Фондот за ПИОМ треба да утврди дека за бараниот период од осигуреникот правниот субјект не извршил плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигуруање во целост, или делумно платил, а делумно не платил – тоа исто така Фондот ќе го констатира со записник и третиот услов правниот субејкт да е избран од Централен регистар на Р.М односно од друг регистар пред преземањето на податоците од ЦР и овој дел од обезбедувањетио на доказите Фондот ќе го врши по службена должност по пат на размена на податоци со централниот регистар. Значи процедурата е многу едноставна, преку поднесување на барање, осигуреникот ќе може да го оствари правото на плачање на социјалните придонеси, вели Ристевска од МТСП

На која основица ќе се плаќаат продонесите?

Плаќањето на придонесот на пензиско и инвалидско осигуруање ќе се врши на најниската основица која што со закон постои а е утврдена, а тоа е на 50 % од просечна бруто плата или отприлика околу 2 800 денари за секој месец неплатен придонес, по плаќањето на придонесот осигуреникот ќе може да оставри право од пензиско и инвалидско осигурување, значи тој стаж ќе се утврди во матичната евиденција на Фондот на ПИОМ и соответно на тоа ќе може да оствари право на старосна и индвалидска пензија.

Мерката откуп на стаж- поздравена и од синдикалците

Откупот на стажот ќе го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми.По намалени стапки ќе можат да си ги платат придонесите и да се стекнат со право на пензија. Според првиот синдикалец, Живко Митревски, со оваа владина мерка што Премиерот ја најави од собирот во Прилеп голем број работници ќе го најдат решението за пензискиот стаж. Со новите законски измени ќе можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 31.12.2008 година.

-Со новите законски измени кои за брзо време ќе се најдат и во собраниска процедура ќе можат да си го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за неплатени придонеси заклучно со 2008 година со што лицата ќе може да решат еден децениски проблем од минатото.Во минатата година до службите во синдикалната организација дошле 1500 барања со проблеми околу неплатени надоместоци, така што најавените мерки се добродојдени за надминување на ваквите децениски проблеми, вели првиот синдикалец Живко Митревски.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1