Полицаец спасил жена од давање во Кумановка (Видео)


Полицаец спасил старица од сигурна смрт, откако ја извадил од водите на реката Кумановка. Несреќата се случила по 16 часот, откако жената паднала во реката додека се шетала по Кејот.

kumanovo reka

Несреќата се случила околу 16.15 часот, додека старицата шетала по кејот. Во еден момент од непознати причини, изгубила рамнотежа и завршила во коритото на реката. Водата почнала да ја носи, па очевидци случајот го пријавиле во полиција.Веднаш била повикана Брза помош и противпожарната единица. Кога стигнале на терен, еден од полицајците влегол во водата и ја спасил старицата. Лекарите ја пренеле во Кумановската болница. Според очевидци жената не е во добра здравствена состојба. Идентитетот не е и познат.

KumanovoNews објави видео, на кое се гледа како полицаецот ја вади жената од реката Кумановка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1