Во снежните и зимски денови замрзнатите скали и влезови во зградите и куќите се „најопасното“ место.
Со врнењето на снег и дожд, но и со секое излегување и влегување со нашите чевли носиме кал, снег и вода кои се заледуваат, па вие многу лесно може да паднете.
За оваа сезона да не ви се случи тоа, прочитајте неколку совети како да го стопите мразот на скалите и пред влезот.
Сјај за миење садови
Во 2 литри млака вода ставете 1 лажица сјај за садови и 30 или 70 проценти алкохол. Смесата ставете ја во шише и истурете ја на замрзнатите скали.
Мразот ќе исчезне, а нов слој нема да се формира.
Сол и песок за мачки
Нормално солта е многу делотворна кај овој проблем. Истурете ја на ледот и оставете ја да делува. Не е многу уредно, но е вистинско решение за ледот.
Солта можете да го измешате со обичен песок или оној за мачки за да го спречите лизгањето.
Но, солта користете ја како последно решение бидејќи може да го оштети бетонот и дрвото.
Сода бикарбона
Сода бикарбоната делува слично како и солта бидејќи содржи натриум во одредени количини. Истурете ја на заледените места, а над неа нанесете песок.
Проверете дали ледот е стопен, ако не тогаш повторете ја уште еднаш оваа постапка.