Како мирисa вселената?


Астронаутите кои имале прилика да се најдат во вселената зборуваат за неговиот неверојатен специфичен мирис.

И покрај тоа што не може да се осети поради заштитното одело, по враќањето на вселенската станица, астронаутите можат да ја осетат аромата која што ја има на нивните ракавици и одела.
Овие мирисни честички, според нивните зборови, имаат арома на печен бифтек, жежок метал, односно мирисот на пареата од вриењето на металот.
Стивен Пирс, хемичар кој бил ангажиран од НАСА да се обиде да го создаде ваквиот мирис на Земјата, смета дека ваквиот метализиран мирис е резулат на високо енергетски вибрации на атомите.
Такво нешто никогаш не сум успеал да намирисам, но знам дека на ваквата арома ќе се сеќавам до крајот на мојот живот“, изјавил астронаутот Кевин Форд во орбитата во 2009 година.
Меѓутоа, овој остар мирис на вселената воопшто не им пречи на астронаутите. По мисијата во вселената во 2003 година, астронаутот Кевин Форд го опиша ваквиот мирис на официјалниот блог на НАСА.
„Многу е тешко да се опише ваквиот мирис, дефинитивно можам да кажам дека го чувствувам како некоја нова храна која што сум ја пробал на Земјата, нешто најблиску му доаѓа како вкус на пилешко. Најдобриот опис кој што можам да го смислам е метализиран, многу пријатна слатка метализирана сензација. Тоа е мирисот на вселената“, напишал Форд.

Tags: ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1