Како можат да ви украдат пари од кредитните картички


Една британска двојка, еден телефонски повик ја чинел неверојатни 7000 фунти.
platne-kartice02-s„Се започна во петокот вечерта. Телефонот заѕвонил, сопругата се јавила, а личноста која се јавила се претставила како полициска инспекторка Џејн Сејмур“, вели неименуваниот Британец.
Тој вели дека таканаречената инспекторка ја прашала неговата сопруга дали дента била во две „Apple“ проданици во Лондон, кои се прилично оддалечени една од друга. Кога жената одговорила дека не била, инспекторката и рекла дека некој купил скапи работи во тие продавници, користејќи ја нејзината кредитна картичка и тоа во рок од само четири минути.

Свесни дека е невозможно да се помине во двете продавници за толку кратко време, жената и поверувала на инспекторката дека некој и ја клонирал кредитната картичка.

„Мојата сопруга ми се јави и побара да разговара со инспекторот, кој веднаш ме праша дали сите картички се кај мене. Кога и одговорив дека се, одговори дека најверојатно некој упаднал во системот и ги украл сите податоци на картичката“, додава Британецот.
Инспекторката ги советувала веднаш да ги блокираат картиците и да се покрене полициска истрага. Британецот станал сомничав, затоа што му било нелогично да бараат да се блокираат сите картици кои ги имаат. Инспекторката како да го почуствувала сомнежот во гласот на Британецот, по што му рекла да повика полиција и да ја провери. Што и направил.

„Ја прекинав врската, повикав полиција и се делуваше нормално. Нормално телефонот ѕвонеше, службеникот брзо се јави и го проследи мојот повик до одделението каде што инспекторката рекла дека работи, каде што подоцна ме поврзаа со неа“, изјавил Британецот.
Никогаш не го откривајте својот ПИН
Инспекторката му рекла дека одма ќе им ја блокираат картичката, но потребен и е неговиот ПИН.
„Се двоумев. Знаете пинот не смее никој да го знае, но таа ми рече дека не морам да и го кажам, туку само да ги притиснам броевите на телефонот, а во техничката екипа ќе ги проследат електронските информации. Подоцна сватив дека го има снимено тонскиот разговор“, изјавил мажот.

По едночасовен разговор, се било готово. Инспекторката му ветила дека ќе го прати курирот по картичките и дека во рок од три дена ќе им стигнат нови. Курирот дошол по неколку минути, а брачната двојка во ковертот ги предала картичките и се надевала на најдобро. Но, инспекторката повторно ги повикала да ги извести дека во моментов повторно некои им повлекува пари од сметката.
Како што разговорот течел, инспекторката ги набројала локациите на банкоматите на кои наводно се собирале парите. За тоа време крадците со вистинските картички и ПИН кодовите, навистина им ги повлекувале парите од сите сметки, а брачната двојка, верувајќи и на инспекторката и дека се ќе биде во најдобар ред, заборавиле да се јават во банката.

Утрото кога повикале полиција за да се слушнат со инспекторката, сватиле дека станува збор за измама. Во полициската станица им рекле дека инспекторката не постои и дека за жал не се првите кои наседнале на ваква измама.
За среќа на оваа брачна двојка, банката имала разбирање и им ги вратиле украдените пари.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1