Во Сараево денес ќе протестираат против крај на светот – не им требало тоа на нив


На социјалната мрежа на Фејсбук отворена е група на која се повикува на протести поради крајот на светот, која наводно, на основа на календарот на Маите ќе се случи на 21 декември.

1149007.73Групата за кратко време успеа да собере 200 луѓе, а нивниот број непрекинато расте Организаторите имаат намера собирот да го најават и полицајците.
„Не сакаме крај на светот да дојде во Босна и Херцеговина, а поготово не во Сараево! Што ќе ни е тоа на нас. И онака имаме премногу проблеми, нема логика“, стои во најавата на мирните протести.

И веројатно се работи за шега како одговор на хистеријата поврзана со крајот на светот, која ја има зафатено цела планета, ќе биде интересно да се види дали во среда во 14 часот некој ќе се појави пред BBI Центарот, со барање крајот на светот да го заобиколи Сараево.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1